Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на живот минатиот месец во однос на април 2011 се намалени за 0,2 отсто, а во однос на мај 2010 се зголемени за 5,2 .

Според намената на потрошувачката, намалување е забележано во групите Рекреација и култура за 1,2 отсто, транспорт и останати стоки и услуги за 0,4 отсто, храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто, комуникации и ресторани и хотели за 0,1 процент.

Пораст има во делот Облека и обувки, мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и здравје за 0,3 отсто и алкохолни пијалаци, тутун за 0,1 процент.

Трошоците на живот во групите домување, вода, електрика, гас и други горива и образование се задржани на исто ниво.

OhridNews