Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до с.Гајре 20 – 30 метри, Стража 30 – 50 метри и Плетвар – 40 метри.
Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.