Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат од АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на планинскиот превој Плетвар. Слаб снег провејува во Тетово, Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово, велат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
OhridNews