Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри има на планинскиот превој Стража и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

OhridNews