Ова го соопшти Државниот завод за статистика додавајќи дека според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,9 милијарди денари што е за 19.7% помалку во однос на истиот месец од 2008 година, пренесува „Макфакс“.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 221 (72.9%) се наменети за објекти од високоградба, 25 (8.3%) за објекти од нискоградба и 57 (18.8%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 303 објекти, на 217 (71.6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 86 објекти (28.4%) инвеститори се деловни субјекти.
извор:„Макфакс“