Поради подземните води, покачен е водостојот на реката Сатеска, додека Коселска река бележи тренд на стагнација односно намалување на водостојот.
Според последните информации од Координативното тело испустот во реката Црн Дрим изнесува 69 м3/с, а намален е дотекот на реката Сатеска која во Охридско Езеро сега се влева со 9м3/с, додека по старото корито на реката се пренасочени 8м3/с. Во претходниот период вливањето на Сатеска достигнуваше обем и од 40 м3/с.