За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро денес во споредба со вчерашните мерања.  Со ова водостојот е за седум сантиметри понизок од просечниот за октомври и истиот е на кота од 693.24 м.н.в.

Неделната анализа заклучно со вчерашниот ден, пак, покажува константно ниво на кота од 693.25 м.н.в. Температурата на водата е 17 степени и е во рамки на просекот.

Пониско од просечното и тоа за 1,93 метри е и нивото на Преспанското Езеро со што е на 17 сантиметри под апсолутно појавениот минимум. Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 1,7 метри повисок од повеќегодишниот пресек за овој период од годината.

OhridNews