Ако сте тип на кој чашата му е секогаш полу-полна, тогаш здравјето е на ваша страна. Нова студија објавена во Circulation: Heart Failure открила дека оптимистичните луѓе имаат помал ризик од затајување на срцето во однос на песимистичните.

Научниците прателе седум илјади возрасни особи во текот на четири години. Најоптимистичните имале 73% понизок ризик од затајување на срцето во споредба со оние кои биле песимистични.

Експертите сметаат дека вашиот оптимизам може да ве направи проактивни кога е во прашање здравјето. “Не само што оптимистите се однесуваат поздраво, туку и веруваат дека вежбањето и здравата исхрана позитивно влијаат на здравјето“, објаснува авторот на студијата и професор по психологија на Универзитетот Мичиген, Ерик Ким. Освен тоа, оптимистите подобро се носат и со стресот, што го намалува штетното влијание врз здравјето на срцето. Ким додава и дека е потребно да се спроведат уште истражувања за да се испитаат одредени врски помеѓу оптимизмот и здравјето на срцето.

Околу 80% од случаите на затајување на срцето се случуваат кај постарите особи. Со оглед на останатите нуспојави на оптимизмот (среќа, позитивен поглед на светот и себе, други здравствени погодности), важно е да дадете се од себе животот да почнете да го гледате од поведрата страна.

извор: magazin.net.hr