Согледување и запознавање  на состојбите со криминалитетот на поширокото подрачје на Пештани и предлог мерки за подобрување на безбедноста, беа основните теми на одржаниот трет состанок со советодавната група граѓани од Пештани и околните населени места кои гравитираат на подрачјето. 


Особено беше потенциран податокот дека на ова подрачје, евидентиранo е намалувањe на сторени прекршочни и кривични дела од областа на имотните деликти но и намалување на нарушувањата на јавниот ред и мир. Така во текот на минатата година, службата регистрирала 57 кривични дела од областа на имотните деликти додека таа бројка во 2008 година изнесува 87. Лани биле евидентирани 44 нарушувања на јавниот ред и мир за разлика од 2008 кога бројката изнесувала 64. Намален е бројот и на случените сообраќајни незгоди што е резултат на зголеменото превентивно и репресивно делување на полициските службеници.


Од страна на членовите на советодавната група граѓани беше искажано задоволство од досегашното ангажирање на полицијата и беше побарано зголемено дејствување на сообраќајната полиција во текот на летната туристичка сезона и создавање поповолни услови за нормално одвивање на сообраќајот низ Пештани и останатиот дел од магистралниот пат кон Охрид.

 На средбата беше презентиран концептот „Партнерство меѓу Полицијата и заедницата“, експерти имаа осврт на тема „Стоп за семејното, сексуалното и родовото насилство“, а  беше поделен и соодветен едукативно-пропаганден материјал.

Ohridnews