Според информациите на Царинската управа – откако истече рокот за пререгистрација на половни возила, интензитетот за увоз е намален за три пати во однос на минатите месеци.

Последните показатели за октомври говорат дека се царинети 1.530 користени возила што е за три пати помалку од просекот на претходните месеци. Бројот на увезени користени возила сепак е на високо ниво ако се земе во предвид дека минатата 2009 година оцаринети се помалку од 3.000 возила.

Од почетокот на годината до крајот на септември увезени се 51.225 возила од кои 45.745 се половни со Еуро 1 стандарди.

OhridNews