Бројот на туристите во август 2009 година, во однос на август 2008 година, е намален за 5.0%, а бројот на ноќевањата е намален за 7.6%

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2009 година изнесува 110 837, а бројот на ноќевањата изнесува 648 542. Бројот на домашните туристи во август 2009 година, во однос на август 2008 година, е намален за 5.8%, а бројот на странските е намален за 2.7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2009 година, во однос на август 2008 година, е намален за 7.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 5.7%.

Во периодот јануари- август 2009 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 1.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.1%, а кај странските има зголемување за 7.4%.

Во периодот јануари-август 2009 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 6.2% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 8.5%, а кај странските има зголемување за 2.5%. Бројот на странските туристи во август 2009 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 2.7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.5%.

Ohridnews