Бројот на туристите во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, е намален за 0.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 5.5%.
Бројот на домашните туристи во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, е намален за 4.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 2.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, е намален за 1.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 9.4%.
Во периодот јануари – октомври 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 1.9% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 2.9%, а кај странските е забележано намалување за 0.6%.
Во периодот јануари – октомври 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 4.8% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 4.3%, а кај странските е забележано намалување за 6.0%.