Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2011 година изнесува 5.577 , што е  за 10 отсто помал во споредба со истиот период минатата година.
 
Бројот на починати лица во второто тримесечје годината изнесува 4.745 лица , што е пораст од 0,9 отсто во споредба со истото тримесечје од 2010 година . Меѓу починатите евидентирани се и  47 умрени доенчиња.
 
Природниот прираст изнесува 832 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
 
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 0,4 отсто  во споредба со лани и изнесува 3 600 бракови, додека бројот на разведени бракови  изнесува 435, што исто така претставува благо намалување.

Ohridnews