Од нив, 4. 000 се со ниски квалификации, со средно стручно образование 2. 300, виша школа 330, високо стручно образование 970, но меѓу невработените има и 17 магистри и еден доктор на науки.
Како што потенцираат од агенцијата, за прв пат годинава, бројот на невработени во општината е помал од 10. 000.
Само за споредба, бројот на граѓаните кои чекале да добијат вработување преку агенцијата во 2009 година изнесувал 10. 500, додека пак во 2007 година 12. 300.
Според раководителот на Агенцијата за вработување, Ване Баткоски, намалувањето на бројката на невработени во Охрид, се должи на активните мерки и политики за вработување кои се превземаат од страна на агенцијата и надлежното министерство. Меѓу нив, се потенцираат самовработувањето со кредитирање, проектот од идеја до бизнис, како и субвенциите за вработување на одредени категории лица.