Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2010 се издадени 241 одобрение за градба што е за 22.5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 440 852 илјади денари што е за 89.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 176 (73.0%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (10.0%) за објекти од нискоградба и 41 (17.0%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 241 објект, на 178 (73.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 63 објекти (26.1%) инвеститори се деловни субјекти.

ОhridNews