Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 424 180 илјади денари што е за 27.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 132 (76.3%) се наменети за објекти од високоградба, 14 (8.1%) за објекти од нискоградба и 27 (15.6%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 173 објекти, на 140 (80.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 33 објекти (19.1%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 376 станови со вкупна корисна површина од 30 036 м2.