Голем е бројот на граѓани кои во годината што измина не ја крунисаа својата љубов со брак поради пандемијата на коронавирусот што трае повеќе од десет месеци. Со забраната за масовни собири, веселби и дружења, дојде до откажување на претходно закажаните свадби и венчавки, а мал е бројот на оние кои се решија да склучат брак само пред матичар.

Во 2020, како што велат од Управата за водење матични книги, бројот на склучени бракови е 7000, што е за околу 4500 помалку од лани.

Hand with scissors cutting paper cut out with family member shape / Family problem / Divorce concept

За склучување брак во време на пандемијата се воведоа и протоколи. Присуството на гостите беше сведено на минимум со почитување на пропишаните мерки за заштита, како одржување дистанца, носење маски и дезинфекција.

На регистрацијата може да присуствуваат матичарот, брачните партнери и нивните двајца сведоци. Присутните мора да носат маски и ракавици и да се држи дистанца од два метра со матичарот. Истото важи и за во салите и за на терен на отворено, додека кога се на отворено може уште пет – шест лица на дистанца со маски. Церемонијата е скратена на 10 минути, посочуваат од Управата.

И додека бројот на склучени бракови е намален, во третото тромесечие од изминатата година регистриран е пораст на бројот на разводи.

Во период од три месеци добиени се 357 извештаи за разведени бракови што претставува зголемување од 8,5 проценти во споредба со истиот период во 2018 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу постапки за разводи регистрирани се во Скопје, Тетово и Куманово.

2