Бројот на гледачи на трката „Портимао“ во Португалија ќе биде намален. Наместо максималните 46 000 гледачи на трибините ќе можат да присуствуваат максимум 27 500 љубители на Формула 1.

Додека чекаме официјална одлука од Министерството за здравство, одлучивме да го намалиме бројот на гледачи. – изјави Пауло Пинеиро.

Причината за намалување на капацитетот е влошената состојба со коронавирусот во Португалија. Билетите за трката во Португалија која ќе се одржи следниот викенд се распродени.

OhridNews