Накитот на холивудската актерка Ен Хатавеј ќе се најде на аукција. Но, не се работи за тоа дека Ен западнала во финансиски проблеми па го распродава својот накит.
Се работи за накитот кој и го подарил нејзиниот поранешен дечко Рафаело Фолиери со кој била во врска цели четири години и кој е уапсен поради измама и перење пари.
На аукцијата ќе се најде и златен Ролекс часовник проценет на 25 000 долари, сребрен Ролекс, проценет на 5 000 долари, бисерна огрлица, сребрени и дијамантски обетки.