Рубините, сафирите, смарагдите, бисерите и фустаните, кои Ричард Бартон и ги подарувал на Елизабет Тејлор за време на нивната бурна романса ќе се најдат на аукција во декември. Некои од 269 парчиња накит моментално се наоѓаат во претпродажба, а челниците на аукциската куќа Кристи се надеваат дека накитот ќе биде продаден за околу 30 милиони долари, додека нејзините фустани и лични предмети ќе достигнат цена од околу 20 милиони долари.


Дел од приходите од продажбата на накитот ќе одат во добротворната фондација Елизабет Тејлор за помош на заболените од ХИВ, која била основана во 1991 година. Марк Портер од Кристи објаснил дека оваа изложба ќе биде прозорец во животот на Елизабет. Додал дека аукцијата е желба на покојната актерка, која ја изразила уште пред неколку години, бидејќи сакала некој друг да ужива во накитот.