Триесетина нуркачи од Македонија и Албанија денеска во Охридското Езеро накитија две новогодишни елки. Едната елка беше поставена кај подводниот археолошки локалитет Плоча Миќов Град, а втората на изворите во Св. Наум. На овој начин нуркачите им ја честитаат Новата година на охриѓани и гостите со желби за здравје и успех во 2010 година. Традиционално по китењето на елките нуркачите под вода го испија празничното шампањско.

Веруваме дека ова што го правиме е несекојдневно. Нуркачите на овој начин убаво се дружат, а граѓаните и посетителите имаат единствена можност да уживаат во презничничниот амбиент бидејќи во регионот никаде на ваков начин не се кити новогодишна елка. Ние сме први, тоа не прави горди  и ни дава поттик да  ја задржиме оваа традиција, изјави  Периклија Бешка од Сојузот за подводни активности на Македонија.


Накитени подводните елки во Св. Наум и Градиште

Г. Момироски
фото: Емилио