Неколклу илјади светилки ја красат најголемата божикна елка во Европа што деновиве беше поставена пред Градското Собрание во Порто. Настанот го проследиле неколку илјади луѓе кои се собрале на градскиот плоштад. Оваа година елката ќе биде осветлена до 7-ми јануари наредната година. Според организаторите, елката тежи 280 тони, има 2.400 мали светилки, 13.000 округли светилки, и 28.000 метри жица со светилки.
„Ја понудивме оваа божиќна елка на оваа земја и овој град и се надеваме дека овде ќе ни се придружат илјадници луѓе, во ова извонредно искуство, на најважниот плоштад на градот Порто“ рекол претставникот на спонзорот на елката, Пауло Фидалго.
Во Португалија поставена највисоката елка во Европа
Ј.М.