Најпопуларните и најзгодни близначки, сестрите Маријана и Камила Давалос, одамна со раскошните атрибути ја покориле родната Колумбија и ги залуделе мажите ширум светот, а сега претендираат да го освојат и Холивуд.
Сепак, само Камила ги спакувала куферите и со синот неодамна се преселила во Мајами, каде посетува часови по англиски јазик и глума. Таа порачала дека во Колумбија веќе работела како водителка, а во САД сакала да стане актерка. Желба и било да го запознае Џорџ Клуни и со него да работи пред камерите. Додала дека верува во себе и дека Џорџ не би останал имун на нејзините квалитети, со што засекогаш ќе ставела крај на неговите склоности кон ергенскиот живот.