Титулите од Лигата на Шампиони, Лигата на Европа и Супер купот на Европа ќе имаат турнеја низ Македонија, односно ќе ги посетат градовите Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Штип, Куманово и Скопје.
Тетово и Охрид ќе бидат први домаќини на највредните клупски трофеи кои ќе бидат изложени за фотографирање. Пред месец дена трофејот од Супер купот на Европа пристигна во Охрид и охриѓани покажаа голем интерес. Овој пат ќе имаат можност да ги видат одблиску титулите од најквалитетните клупски натпреварувања.
Покрај изложбата на трофеите ќе се одиграат и неколку натпревари во најмладите категории кои ќе имаат забавен карактер.
Со турнејата на титулите завршуваат финалните подготовки за Супер купот на Европа, кој на 8 авгут ќе се одигра во Скопје. За трофејот ќе се борат екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Иначе, Европската куќа на фудбалот (УЕФА) започна со доделувањето на билетите и денеска е последен ден за извлекување.
OhridNews