Највлакнестиот човек на светот ќе оди на пластична операција за да ги отстрани влакната од своето тело и лице. Ју Зенхуан од Кина се одлучил на овој потег бидејќи не ја добил главната улога во филмот за еден мајмун кој му помага на својот будистички господар.
Мислел дека е најдобриот кандидат бидејќи изгледал како мајмун. Дури 96 проценти од неговото тело се прекриени со влакна. Вели дека не поминал на аудицијата бидејќи не изгледал доволно добро. Директорот на болницата изјавил дека ќе му требаат пет третмани за да му ги отстранат сите влакна.