Слепа, глува и епилептична 4-годишна германска дога по име Титан од Сан Диего официјално е прогласена за највисоко куче на светот со своите 107 сантиметри. Неговата сопственичка Диана Тејлор вели дека својот миленик од 86 килограми го води на акупунктура кај киропрактичар секои три седмици.


Иако е огромен и децата често го заменуваат со коњ или крава, Титан е многу мило куче и дозволува да биде повлечен за ушите или опашката. Гинисовиот рекорд го наследил од 7-годишната германска дога Гибсон, која умрела од рак на коските.