Кучето Бумер има три години и е доволно високо да може да пие вода од чешмата во кујната. Висок е 91 сантиметар, а тежок 81 килограм. Пријавен е во Гинисовата книга на рекорди. Неговата сопственичка Керин Вебер од Каселтон, Северна Дакота, рекла дека нејзиниот куќен миленик станал славен откако се проширила веста за обидот за рушење на рекордот.


Неговата големина понекогаш му прави проблеми бидејќи со опашката руши се околу себе. Дали ќе влезе во Книгата на рекорди, неговата сопственичка ќе дознае за еден месец. Сите потребни мерења веќе се извршени.