Охридската гимназија доби високи признанија на МАКИНОВА 2007. На Меѓународната изложба за пронајдоци, технички унапредувања, нови производи и творештво на младите, во склоп на саемската манифестација Технома 2007 , учествуваше Гимназијата од Охрид „Св. Климент Охридски“ под менторство на профeсор Марија Попоска.
Гимназијата на манифестацијата учествуваше со повеќе информатички проекти (софтвер): Програма која овозможува допишување-разговор помеѓу клиенти во локална компјутерска мрежа без Интернет конекција;Портал со цел на едно место да се собираат информациите на македонски јазик за познати и значајни светски личности, со можност за логирање односно постојано негово дополнување и проширување, а беше презентиран и образовен софтвер кој целосно го опфаќа материјалот од физика за електрична струја презентиран со слики, дијаграми, формули , пресметка на барани величини по дадените формули, биографии на познатите физичари и сл. Овој програм вклучува и квиз за проверка на знаењата.
Кирил Коровешовски – Соба за разговори
Кирил Јорданоски – ВЕБ портал за познати светски личности
Kристијан Ристески – Електрична струја
За успешната презентација на овие проекти Гимназијата ги доби следниве високи признанија:
1. СПАТУМ- Сојузот на пронаоѓачите и авторите на техничките унапредувања на Македонија додели ЗЛАТНА ПЛАКЕТА на ОСУ Св. Климент Охридски-Охрид за поттикнување, помагање и ширење на иноваторството, што претставува највисоко признание на оваа манифестација.
2. БЕРИН- Агенцијата за интелектуална сопственост додели награда на Коровешовски Кирил како најуспешен млад учесник на Макинова 2007.Покрај дипломата ученикот доби и материјална награда од Германус.
3. ЕМИТЕР- Македонското списание за популаризација и примена на науката и техниката додели дипломи за млад конструктор- иноватор на сите тројца учесници и ги награди со збирни изданија на Емитер.
ohridnews