Игор Воковински ја освоил гинисовата титула за највисок човек во САД. Игор, кој всушност е украинец, бил измерен на една емисија во живо која се емитувала на НБЦ, и му била доделена титулата за неговата висина. Ви Минесота се доселил со својата мајка додека имал седум години во потрага за лекар, бидејќи имал пореметување со хипофизата, што довело до негово брзо растење.


На јавноста и е познат од претседателската кампања каде на еден митинг на Обама се појавил со маица на која пишувало „Најголемиот обожавател на Обама на светот“. Тогаш ја запознал и актуелната прва дама на САД, сопругата на Обама.