Највисокиот човек на светот, кинезот Бао Хишин, стана највисокиот татко на светот, а неговиот првороден син испадна компромис на високиот татко и мајката која е со просечна висина.
Синот на Бао, по раѓањето имал 56 сантиметри. Иако подолг од останатите новороденчиња сепак е помал во однос на бебето со 75 сантиметри, родено исто така во Кина.
„Бао е многу среќен. Бебето е здраво и со нормална должина“ – рекол лекарот во породилиштето.
Бао е висок 2 метри и 36 сантиметри, а неговата сопруга Хиа има 1 метар и 68 сантиметри.