Највисокиот човек на светот можеби престанел да расте по третманот во една американска болница. Султан Косен од Турција, кое е висок 251 сантиметар, се нашол во Гинисовата книга како највисок човек на светот. Тој бил згрижен во медицинскиот центар при универзитетот во Вирџинја во 2010 година поради акромегалија, пореметување на растот најчесто предизвикано од тумор на хипофизата.
Американските медиуми објавиле дека му била препишана нова терапија која би можела да помогне во намалувањето на лачењето на хормонот за раст. Според официјалните лица на универзитетот, турските лекари рекле дека Косен престанал да расте.