Турчинот Султан Косен, официјално највисокиот човек на светот, кој е висок 2,46 метри, изјавил дека неговиот најголем сон е да ја најде вистинската љубов. Момчето кое има 26 години е повисок за 10 сантиметри од кинезот Бао Сисун кој до неодамна беше сметан за највисок човек. Тој исто така ги има и најголемите дланки на светот, како и стопала соопштиле од Гинисовата книга за рекорди.


Уште некои високи луѓе тврдат дека се повисоки од Султан, како на пример Украинецот Леонид Штандник, кој вели дека неговата висина е божја казна, но тој сеуште не е запишан во Гинисовата книга. Зборувајќи за својата неодамна стекната популарност, Султан рекол дека таа ќе му помогне да го оствари својот сон. Сакал да патува и да го види светот, како и да има автомобил прилагоден на неговата висина. Сепак неговата најголема желба е да се ожени и да има деца. Неговата висина била предизвикана од тумур кој го спречил да запре со своето растење.