Еден 27-годишен Кинез е највисокиот човек на светот, бидејќи со своите 2,46 метри за десет сантиметри го надвишил својот сонародник чие име е запишано во Гинисовата книга на рекорди. Тој како помлад играл во еден кошаркарски клуб. Неговата кариера била нагло прекината поради повреда на стапалата.
После повредата бил без работа до 2006 година кога се вработил во една циркуска трупа во која учествувал во магионичарски трикови и свирел саксофон и флејта. Неговите родители кои се со нормална висина не знаат зошто нивниот син станал џин.