Бао Ксишун е со своите 240 см највисокиот човек на светот, а наскоро ќе стане и татко. Веднаш се поставува прашањето: Колкаво ќе биде неговото дете? Сопругата е висока 167 см и му е до лактот, а ова ќе им биде прво дете.


Бао титулата за највисок човек ја изгубил во 2006, од украинецот Леонид Стадњик, но титулата му е вратена во 2007, кога Леонид одбил да биде измерен од судиите од Гинисовата книга на рекорди. Истите тие судии едвај го чекаат Баовото дете.