Во Сао Паоло е изградена највисоката кула на светот од лего коцки. За изградбата биле потребни четири дена и биле употребени повеќе од 500 илјади коцки. Бразилската куќа е висока 31,19 метри, што е за 25 сантиметри повеќе од претходниот рекорд кој бил поставен во Чиле.
Во изградбата учествувале околу 6000 љубители на лего коцките, меѓу кои најмногу имало деца. Тие ги спојувале коцките и ги правеле поголемите делови, кои потоа со помош на кран биле подигнувани и поставувани едни врз други. Врвот на кулата го поставил легендарниот фудбалер Кафу. Првата кула од лего коцки, која била висока 15 метри, била подигната во Лондон во 1988 година.