Милјардерот од Саудиска Арабија, принцот Алвалед бин Талал, објавил план за изградба на највисоката кула на светот во близина на градот Једах. Принцот веќе потпишал 1,23 милијарди долари вреден договор и тоа со компанијата „Bin Laden Group“. Изградбата на кулата повисока од 1000 метри би требало да трае пет години, а самата кула би требало да биде центар на Кралскиот град кој саудискиот принц планира да го изгради на периферијата на градот.


Принцот за новинарите изјавил дека конструкцијата на кулата испраќа политичка, финансиска и економска порака дека овој проект не смее да се потцени. Једах Тауер, во која ќе има хотел, апартмани, луксузни станови и канцеларии, ќе биде дизајнирана од американската архитектонска компанија „Adrian Smith & Gordon Gill.“ Највисоката кула моментално во светот е 828 метри високата градба „Burj Khalifa“ во Дубаи.