Оваа седмица топ пица мајсторите од целиот свет се натпреварувале за наградата најдобра пица на светот, на меѓународната изложба на пици во Лас Вегас. Наградата на победникот му донела големо признание во таа индустрија, но и 10 илјади долари.
Победата ја однела „тропска пита“, пица со топено сирење и моцарела, лигњи, лимон исецкан на тенки парчиња, сос од манго, крем од ананас и текила. Пица мајсторот Ендрју Скудер овој рецепт го составувал со месеци. Објаснил дека пицата може да ја јадат и лица помлади од 18 години, бидејќи текилата испарувала за време на печењето.