Евреинот Херман Росенбалт кој од 12 години бил заробен во нацистички логор во Германија за време на Втората светска војна, на јавноста и е познат по најубавата љубовна приказна, заради што и Опра Винфри му посвети емисија.
Но, се заклучи дека приказната за љубовта помеѓу него и девет годишното девојче кое секоја вечер му носело храна во логорот е измислена.
Херман тврдел дека во логорот преживеал благодарение на девојчето, а приказната го обиколила целиот свет и послужила како идеја за пишување книга. Во план било и снимање на филм.
Со Рома, неговата сопруга, Херман на почетокот на педесеттите се запознал при средба на слепо, а не како што тој раскажувал дека ги споила судбината.
„Само сакав да ги усреќам луѓето“ – ја објаснал Херман (79) причината за измислувањето на приказната. Книгата „Ангел на ограда“ која наскоро ќе излезе во продажба ќе се корегира, а издавачот бара обесштетување.
Продуцентот на филмот „Цвет на ограда“ исто така ќе го измени сценариото, а целата заработка ќе ја подари на жртвите од холокаустот. Херман можеби никогаш не ќе признаел дека приказната е лажна додека експерите не забележале некои нелогичности во неа.