Изминатиот месец бил најтоплиот јануари во историјата на климатолошки мерења, што додатно докажува дека испуштањето стакленички гасови предизвикува глобално затоплување, објавија во саботата јапонските научници.

Температурите ширум планетата биле 0.45 Целзиусови степени повисоки од просекот за јануари и се највисоки од 1891 година кога почнале да се бележат тие податоци, објавил Јапонскиот метеоролошки завод. Посебно високи температури за ова доба на годината се забележани во источна Русија и на северот од Европа.

„Причините за повишена температура се ефектите на глобално затоплување заради зголеменото испуштање јаглерод диоксид, временскиот феномен Ел Нињо и природното циклично движење на температурата“, стои во извештајот на заводот.

Студијата уследи после тоа што УН за глобалното затоплување ја обвини човечката активност и најави зголемена зачестеност на тајфуни, суши и природни катастрофи во иднина.

ХиНа

С. Костоски