Еден британски претприемач неодамна добил дозвола за изградба на најтесната индивидуална куќа во земјата, широка само 2,7 метри.

Оваа куќа ќе биде изградена во градот Бари Сент Едмундс, во источна Англија, на местото каде што сега се наоѓа приватна гаража. Ќе има три ката и две соби за спиење.


Архитектот Том Стебинг рекол дека просторот не е толку тесен, додавајќе дека тоа ќе биде куќа сосема пристојна за живот.

Градот веќе го има најмалиот паб во земјата, а наскоро ќе ја добие и најтесната куќа во Британија.

Пред 10 години, во Шкотска за 27.000 фунти била продадена куќа чија фасада била широка помалку од два метри, но во својот најширок дел имала 3,3 метри.