Најтешката жена на светот, Египќанката Иман Ахмад Абдулати по операцијата со којашто ѝ беше намален желудникот и стомакот, направи неколку танчарски потези, пренесува весникот Mid Day, пишува „Макфакс“.

На видеото снимено во болницата на индиската метропола Мумбаи, 36-годишната Иман прави неколку движења во тактот на арапска музика во заднина. Пред операцијата таа не можеше да ја подигне ниту раката, потсетуваат лекарите. 

Според претставниците на болницата во којашто ѝ беше извршена сложената операција на Иман Ахмади Абдулати, нејзината тежина постепено се намалува и сега таа тежи помалку од 400 килограми. За споредба, кога жената беше транспортирана до болницата во Мумбаи, таа тежеше околу половина тон.

Сега Иман зема течна храна и е подвргната на сите неопходни постоперативни процедури. Штом нејзината состојба биде вратена во нормалата, таа ќе може да се врати во родната Александрија, каде што ќе продолжи да ја губи телесната тежина под лекарски надзор.

Иман страда од ткн „слоновска болест“ или елефантиазис и „заменски жлезди“. Покрај тоа, доживеала и мозочен удар по кој останала врзана за постелата 25 години.

Кон крајот на минатата година нејзиниот случај го привлекло вниманието на индискиот лекар Муфазал Лакдавала, кој е специјализиран за баријатриска и лапароскопска хирургија, и се понудил да ѝ помогне на Иман. Побарал од индиското министерство за надворешни работи да помогне во подготовката на документацијата за жената, бидејќи таа имајќи ја предвид состојбата не можела да се јави лично во конзулатот на Индија во Александрија. Но со интервенцијата на шефот на дипломатијата Египќанката добила уредна индиска виза.

Потоа на 10-ти февруари египетската воздухопловна компанија „EgyptAir“ успешно ја транспортираше на лекување од Египет во Индија жената чијашто телесна маса тогаш достигнуваше 500 килограми. Летот беше изведен од египетскиот пристанишен град Александрија до индиската метропола Мумбаи со товарен авион од типот „Airbus 300-600“ специјално модифициран и опремен, бидејќи обичен патнички авион не доаѓал предвид, поради тоа што морале да бидат обезбедени и специјални медицински услови. Жената тешка половина тон од домот до аеродромот била превезена со товарно возило со високи страни за специјалната болничка постела. Во авионот била подигната со товарен лифт, а во кабината на леталото, креветот била зацврстен за подот.

Операцијата беше изведена на 7-ми март од тимот што го предводеше Муфазал Лакдавала, при којашто се отстранет 15 отсто од претходната големина на нејзиниот желудник и голем дел од масното ткиво.

OhridNews
извор: „Макфакс“