Фотографиите на осаменото куче во Сан Франциско станале вистинска сензација на интернет. Кучето наречено Г-ин Њуман изгледа премногу тажно додека седи врзано пред едно кафуле. Облечено е во сив џемпер. Било фотографирано од еден случаен минувач.


Една од четирите објавени фотографии е наречена “Тежок ден за Г-ин Њуман”, а нејзиниот опис гласи: “И покрај неговата прекрасна облека, девојките едноставно повеќе не се заинтересирани за него”. На фотографијата биле оставени многу коментари, а еден човек рекол дека и самиот ќе си купи такво куче.