Најстрашната куќа на ридот покрај мотелот во кој живееше еден од најпознатите филмски негативци, стана икона на хоророт. Но каде е сместена дрвената градба, изградена во америчко викторијански стил?
Ова е филмско ремек дело на Алфред Хичкок од 1960 година. Од “Психо” освен сцената под тушот, нас во сеќавање ни остана и страшната куќа на ридот над мотелот.
Поради скромниот буџет, режисерот тогаш успеал да ги направи само предниот и левиот ѕид од куќата, кои се сместени во “Универзал Студио”.
“Психо куќата” стана икона на хоророт, а подоцна се појавуваше и во многу други филмови, како и во двете продолженија на оригиналниот филм, ТВ филмови, па дури и во реклами.
Сетот од филмот и понатаму стои во “Универзал Студио” иако беше модификуван и два пати преселен.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com