Јазовичарот Шанел минатата година влезе во книгата на рекорди како најстаро куче на светот. Вчера на Менхетн го прослави својот 21-ви роденден. Нејзините влакна одамна се побелени и е приморана да носи темни очила.
Најчесто јаде варено пилешко со тестенини специјално подготвени за нејзините стари заби. времето го поминува дома, освен на лето кога излегува на прошетки. Нејзината сопственичка вели дека некогаш кучето трчало и по четири километри, а сега само повремено излегувало на прошетки.