Кучката Лулу со своите 147 кучешки години е најстарото куче на светот. Нејзиниот сопственик, Тревис Бакли рекол дека 21 човечка година доживеала бидејќи ја храни со печено телешко месо и колбаси, а за десерт добива сирење или кекс. Рекордот до сега го држело куче старо 20 години, но умрело минатата година.
Бакли го добил кучето на подарок од својата ќерка во 1989-та година. Оттогаш ја носел со себе каде и да одел. Иако скоро целосно ослепела и не слуша добро, и понатаму си игра со други кучиња и оди на прошетка. Ветеринарот му рекол на сопственикот дека според последните податоци Лулу е најстарото куче на светот, за што очекуваат потврда од Гинисовата Книга на рекорди.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com