Лес Атвел(94) и неговата вереница Шила Волш(87) од Девон, Велика Британија се венчале пред семејството и пријателите. Ги запознала чистачката на Лес. Отишле на ручек во ресторан во склоп на супермаркетот Теско, а пет години подоцна Лес ја запросил Шила на истото место.


Брзо го ја организирале венчавката, бидејќи во нивните години немаат премногу време за губење. За меден месец две седмици ќе крстосуваат по Медитеранот и ќе ги посетат Барселона, Рим и Атина. Најстари младенци на светот се Французите Франсоа Фернандез, кој на венчавката имал 96 години, и неговата сопруга Меделин Франсино која имала 94 години.