Роуз Полард Лансвеј која има 90 години, и Форест Лансвеј кој има 100 години најверојатно се најстариот нововенчан пар на светот. Од нивната венчавка во март медиумите не престанале да пишуваат за нив. Парот бил во врска 30 години, се додека конечно не се венчале на стотиот роденден на Форест. Нивните гости мислеле дека станува збор за роденденска прослава, па дури кога пристигнале сватиле за што станува збор.
Дури и американскиот претседател Барак Обама испратил честитка за венчавката на парот од Сакраменто. Тие се запознале на почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, на состанок на слепо во еден клуб за танцување за повозрасни лица. Веднаш се вљубиле. Обајцата биле останати без своите сопружници, па не им се брзало да се венчаат.