Двајца пензионери за кои се смета дека се најстарите криминалци во Шкотска се осудени на 18 месеци затвор поради кражба во една продавница во Глазгов, од која украле пари и ваучери за телефон во вредност од 7500 фунти. Ричард Малхерн(70) и Џејмс Адамс(72) признале дека го извршиле грабежот минатиот октомври.


Малхерн и го одвлекол вниманието на продавачката, распрашувајќи се за сијалици, а Адамс ги украл парите. Продавачката кога ја открила кражбата повикала полиција. Адвокатот на Адамс изјавил дека неговиот клиент бил воодушевен по грабежот, кој го потсетил дека е сеуште жив. Според изјавите на другиот пензионер, Малхерн ја ограбил продавницата за да купи алкохол, но подоцна ја прифатил одговорноста и се извинил.