Офијално насјтарите близначки на светот наполниле пред два дена 98 години. Рејмон и Лусијен ВАтелад од франција се во одлична здравствена состојба, а за тоа според нив се заслужни смеењето и уживањето во животот. Тие се занимаваат со гледање на тарот карти.


Велат дека живеат во сегашноста и дека нема смисла да се размислува за минатото или иднината. Тие се родени 1912 година, а зад себе имаат четири бракови, четири деца, седум внуци и 13 правнуци. Последниве пет години живеат заедно во семејната куќа.