Медокс, најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, одел на часови по летање и се надевал што поскоро да добие дозвола за летање. Анџелина дозвола за летање има од 2005 година, а Бред Пит неодамна гордо открил дека и десетгодишниот Медокс тргнал по стапките на мајка си.
Законскиот минимум за добивање на дозвола за летање е седумнаесет години, па Медокс, без оглед на тоа колку успешно ќе го заврши курсот, на дозволата ќе мора да почека уште неколку години.